Репрезентацијата на Парагвај со 2:1 славеше над Аргентина во меч од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година. Триумфот на парагвај има поголемо значење, ако се знае дека Аргентина водеше со 1:0, но домашните фудбалери направија пресврт, за голема радост на навивачите на стадионот во Асунсион. Лаутаро Мартинез погоди за водство на Аргентина во 11 минута, но многу брзо, односно во 19 минута, Парагвај израмни ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина го доживеа и третиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. По неуспехот против Колумбија во второто и Уругвај во четвртото коло, „гаучосите“ сега беа поразени од репрезентацијата на Парагвај со 2-1. Ова е историска победа за оваа репрезентација која првпат по 2009 година успеа да слави во меч против актуелниот светски шампион. А до истата Парагвајците стигнаа по пресврт и со ...