Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски (27 год, 204 см) од денеска и официјално е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Тој доаѓа да ја засили центарската линија на шампионот, со оглед на малите, но не безначајни здравствени проблеми на кои деновиве се пожалија Милош Копривица и Андреј Андоновски. Тој првите чекори во сениорската кошарка ги направи во Шпанија, а во македонското првенство играше за екипи ...

Кошаркарскиот првак МЗТ Скопје се пофали со ново македонско име за втората полусезона. „Штрковите“ потпишаа со Оливер Двојаковски кој пристигна од редовите на градскиот ривал Работнички. 27-годишниот кошаркар пристигна во Аеродром по здравствените проблеми на кои се пожалија Милош Копривица и Андреј Андоновски во таборот на шампионот. Во кариерата Двојаковски настапуваше за Куманово, Пелистер, Еуро Никел и Работнички, а првите чекори во ...