Фудбалерите на Вардар по пауза од осум години конечно се радуваат на победа над големиот ривал Шкендија. Во последниот натпревар од десеттото коло во ПМФЛ, скопјани славеа на гостувањето во Тетово (0-1), но малку фалеше натпреварот да заврши без победник. Се играше 88. минута, кога по една мешаница пред голот на Вардар топката дојде до искусниот Бесарт Ибраими, кој ја прими на гради и ефектно реализираше, по што започна големо славје на теренот ...

По цели осум години и 21 натпревар чекање, клетвата е скршена! Вардар го освои Тетово, славејќи со огромни 0-1 против лутиот ривал и актуелен шампион Шкендија, во дерби кое понуди сè – драма, тензија, херојски одбрани и одлука донесена во ВАР собата. Со оваа историска победа, “црвено-црните” не само што ставија крај на една од најцрните серии во својата историја, туку и се искачија на лидерската позиција на табелата во Првата македонска ...