Дедо Мраз на велосипед ќе дели пакетчиња и подароци на дечињата во недела во Штип. Шеста година по ред, браќата Драган и Дарио Атанасови од Штип го организираат настанот преку кој е предвидено да се израдуваат најмалите. На велосипеди во недела на 28 декември ќе се вози од шеталиштето „Вачо Прќе“ до дневниот центар за деца без родители во Пребег каде ќе се поделат новогодишни пакетчиња. Потребно е само кацига и добро расположение, настанот е од ...
Во пресрет на новогодишните празници, здружението „When in Trouble“, заедно со Дедо Мраз, беше во посета на педијатриското одделение при Општата болница во Гостивар. На децата кои се на болничко лекување им беа поделени новогодишни пакетчиња и балони. „Веќе традиционално последниве години нашето здружение “When in Trouble” , се организира да помогне со една ваква хуманитарна акција тука во детсткото одделение за да ги израдуваме дечињата со ...

