Шведска ќе учествува во операцијата на НАТО за заштита на подводните кабли во Балтичкото Море, објави шведскиот премиер Улф Кристерсон. Новата членка на НАТО за таа намена во операцијата ќе вклучи три воени брода и еден надзорен авион. НАТО ги засилува своите напори за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море откако неодамна беа оштетени неколку подводни кабли, што според сојузниците може да биде чин на саботажа. Во операцијата ќе ...

Шведската војска ќе испрати и разузнавачки авион „ASC 890“, се вели во соопштението на владата. Шведска стана 32-та членка на западната воена алијанса во март, откако Русија ја нападна Украина. Владата информира дека ова ќе биде првпат Шведска, како сојузник на НАТО, да придонесе за вооружените сили. Одлуката е донесена откако серијата инциденти на Балтикот ја зголеми загриженоста за можни руски активности во регионот./МИА © Vecer.mk, правата ...