Рускиот тенисер Данил Медведев уште еднаш покажа дека не е константен кога се говори за формата и испадна уште во првото коло на Грен Слем турнирот Вимблдон кој се игра во Лондон, Англија. Медведев, кој е на деветтото место на АТП-листата, доживеа пораз од 1-3 од Бенџамин Бонзи од Франција кој е на 64. позиција. Мечот заврши со 6-7, 6-3, 6-7, 2-6 по сетови, а траеше вкупно три часа и десет минути. Бонзи во следната фаза ќе игра со Чехот Коприва ...

Првиот светски рекет, Јаник Синер со сигурна победа го започна својот настап н Вимблдон и во првото коло го елиминираше сонародникот Лука Нарди со 3-0 (6-4, 6-3, 6-0) за еден час и 49 минути игра. Препорачано Синер беше особено убедлив во третиот сет, кога целосно го надигра Нарди, кој иако солидно парираше во првите два, кон крајот физички падна. Италијанецот така потврди зошто е број 1 на АТП листата и испрати порака дека дојде на Вимблдон со ...