Добивај вести на Viber Утрово во центарот на Скопје, кај градилиштето спроти полициската станица „Беко“ во Скопје, откорнат лим паднал врз велосипедист кој во моментот поминувал покрај местото на несреќата. Велосипедистот се здобил со потешки повреди, а на местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош. Очевидци велат дека повредениот бил веднаш пренесен во болница. Градилиштето на поранешно „Беко“ е небезбедно оти постојано летаат ...

Од МВР потврдија дека лицето С.П. (64) се движело со велосипед кога врз него паднал дел од лимената заштитна ограда поставена околу градилиштето. Повредениот е пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар. На ова градилиште зјае дупка која е заградена со лимена ограда, која неколкупати досега паѓаше, но за среќа, никого не повреди до вчера наутро Необезбеденото градилиште кај поранешното „Беко“ сабајлево повреди ...