Норвешка е вториот финалист на ракометниот мундијал за жени откако вечерва лесно и убедливо ја декласираше селекцијата на Холандија со резултат 25-35. Дуелот беше израмнет само до 7-7, по што Норвежанките со четири гола во низа за првпат се одлепија посериозно, поведоа со 7-11 и потоа го добија и полувремето со 14-18. Вториот дел почна со апсолутна доминација на скандинавските ракометарки кои одиграа фуриозно поведувајќи со 16-25. Холандија не ...

Женската ракометна селекција на Норвешка третпат во низа ќе игра во финалето на едно Светско првенство. По освоениот трофеј пред четири години и загубениот дуел за титулата пред две, Норвежанките в недела ќе имаат нова шанса да се искачат на светскиот трон. На тој начин една од најтрофејните селекции во последните години во финалето ќе се судри со уште еден домаќин – Германија, кој во првото полуфинале славеше над фаворизираната Франција, која е ...