Коалицијата на Демократско движење, Движењето Беса и Алтернатива ќе го носи името „Европски сојуз за промени“. Коалицијата на опозициски партии од албанскиот блок за врвен приоритет ќе ја има борбата против корупцијата, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на прес-конференција на 5 ноември. Тој беше придружуван од Изет Меџити претседател на Демократското движење и Биљал Касами, претседател на Беса. Гаши посочи дека коалицијата го ...

Меџити, Гаши и Касами и официјално го започнаа заедничкото делување. Под називот Европски Сојуз за промени, најавија дека приоритет ќе им биде борбата против корупцијата и јавно му порачаа дека на Али Ахмети дека ќе направат се за да ја симнат ДУИ од власт. Здружената албанска опозиција најавува заеднички албански кандидат за претседателските избори. За нив е прифатливо двата изборни циклуса да бидат заедно, но конкретно не одговорија дали ...