Со изведба на дела од италијанската музичка литература, програма проткаена со шпанското музичко творештво и неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар, публиката имаше можност да ужива во концертот на легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго кој се одржа вечерва во арената „Борис Трајковски“. Вистинско задоволство е да се настапи со оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Марчело Рота и сопранистката Марија ...

Пласидо Доминго (84) вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба, известуваат од организацијата на концертот на светски популарниот тенор. Тој утре ќе одржи концерт во Арена Борис Трајковски, во ...

Стоечки овации и 5-минутен аплауз за Пласидо Доминго во Скопје - Што ме воодушеви на концертот на шпанскиот тенор? Пласидо Доминго, една од најголемите оперски ѕвезди на сите времиња, човекот кој заедно со Лучано Павароти и Хозе Карерас го носеше епитетот на „тројцата тенори“, синоќа ја восхити македонската публика. А меѓу нив бев и јас. Пласидо Доминго, вчеравечер (14.03) одржа концерт во Скопје, кој македонската публика и љубителите на ...