Затворски банди нарачале да ми се запали куќата, како одмазда за борбата против криминалот што ја почнав, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Тој вечерва во гостување на „Сител“ изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани. Изминатиот период до него доаѓале ...

„Имам основано сомневање и на тие треба да им биде јасно дека се задолжиле многу кај мене и ако ми се докаже дека е некој од нив до крајот на нивниот живот ќе го плаќаат тој долг. Ниту ме уплашиле ниту педа мислам да се повлечам од ова“, рече директорот Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов се сомнева дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, се одговорни за палењето на неговата куќа во ...