Амбициозноста, инаетот, борбениот дух, а секако и тениското знаење се главните причини зошто Новак Ѓоковиќ толку долго е на врвот или прв врвот во светот, па и сега кога има 38 години и многумина негови врсници се веќе во спортска пензија. За Ѓоковиќ нема загубена топка, се бори како лав, така беше и денеска против Миомир Кецмановиќ кога во клучниот поен и гејм од првиот сет, реши да го освои, па што сака нека биде. Мораше да се фрла на тревата ...

Неверојатниот Новак Ѓоковиќ повторно е во четвртфиналето на Вимблдон! Српскиот тенисер ги надмина сите проблеми по многу лошиот прв сет и по голем пресврт, го победи борбениот Австралиец Алекс де Минор за место меѓу осумте најдобри – 3:1 (1:6, 6:4, 6:4, 6:4)! Гледавме еден од „најлудите“ натпревари, ако не во неговата кариера, тогаш барем во последната деценија кога станува збор за Новак Ѓоковиќ . Видовме многу подеми и падови во играта на ...