Не ни очекувавме дека ќе ни се случи ваква убавина.Среќни сме, не сме при себе од среќа. Емоции нѐ совладаа и не можеме да се снајдеме од наплив на емоции. Вака Благица и Александар Зикови од Штип реагираа минатата година на овој ден, кога им се родија четири бебиња, а кои по желба на родителите беа крстени Леонтина , Михаил, Теодор и Ведран. Денес малата принцеза Леонтина и нејзините тројца браќа Михаил, Теодор и Ведран наполнија една годинка, ...

Додека ве носев така малечки во моите раце, додека спиевте на моите гради го чувствував вашиот бебешки мирис, не ни помислував колку брзо ќе пораснете и, еве, денес полните една годинка. Една година исполнета со бебешки звуци, со многу галење и гушкање со мамичка и татичко. Вие сте нашиот дар од Бога, имајте среќно и благословено безгрижно детство. Мама и тато ќе направат сè за да ја добиете најголемата љубов во вашето детство. Растете ми, ...