Екипата на Шкендија дојде до победа на домашен терен над Пелистер (1-0) и се врати во колосек по поразот од Струга Трим Лум. Лидерот во македонскиот шампионат победи со голот на Бесарт Ибраими, а тренерот Јетон Беќири изрази задоволство од резултатот. „Очекував тежок меч затоа што Пелистер е солиден тим кој знае добро да се постави во одбрана, а ние не успеавме да дадеме гол во првото полувреме. И продолжението така е доста тешко. Драго ми е што ...

21 коло во Втората фудбалска лига го носи и дербито од дното за опстанок, во Велес се игра клучен меч меѓу Борец и Осогово во трката за опстанокот. Двете екипи имаат идентична форма од последните пет натпревари, од можни 15 бодови на последните пет натпревари екипите на Осогово освои пет бодови, а толку има и Борец. Осогово е на 14. место во бараж зоната со 13 бодови, а тимот на Крсте Крстев е на негатива од седум бодови во однос на Вардар ...

Шампионот Баскет Кам однесе висока и убедлива победа на гостувањето кај Вардар, во рамки на 11. коло од Првата А кошаркарска лига со резултат од 57:74. Кошаркарките на екипата од Македонска Каменица одиграа еден одличен натпревар каде што повеќе од заслужено триумфираа на гостувањето во Скопје. Во Делчево екипата на Патриот доживеа нов пораз откако на домашен терен загуби од екипата на Бадел со резултат од 59:84. Екипата на Пробаскет на домашен ...