Ракометниот клуб Алкалоид го промовираше своето најново засилување, на крилната позиција пристигнува 25-годишниот Исланѓанец Улфар Пал Монси Тордарсон, за кого ова ќе биде прва интернационална авантура во кариерата. Тордарсон пристигнува од редовите на исландскиот клуб Валур, со кој минатата сезона блескаше во Европската лига на ЕХФ, каде се истакна како еден од најдобрите стрелци на својата екипа. Покрај Валур, во татковината ги носеше и ...
Се работи за 25-годишен ракометар кој последните две сезони ги помина во Валур и со овој тим учествуваше во ЕХФ Европската лига. Во лошо сеќавање му остана на Вардар бидејќи на меѓусебниот дуел од меѓународното натпреварување, одигран на Исланд, постигна 11 гола од вкупно 32 колку што имаше цела сезона. Покрај тоа што се засили со Тордарсон, Алкалоид денеска ја објави разделбата со тројца ракометари. Од Автокоманда си заминуваат Арно Бинго и ...