Поранешни британски командоси дадоа докази за програмата Панорама на Би-Би-Си за воените злосторства наводно извршени од нивните колеги за време на мисиите во Ирак (2003-2011) и Авганистан (2001-2021). Тие рекоа дека со свои очи биле сведоци како колегите пукале во мртви затвореници со лисици на рацете и невооружени цивили во сон. Не биле поштедени ниту децата, велат тие. Би-Би-Си разговараше со повеќе од триесет сведоци кои служеа или беа ...

Новите сведоштва на ветераните го зголемуваат притисокот да се бара одговорност од британските специјални сили, на кои не им е првпат да бидат обвинети за воени злосторства. Јавната истрага што веќе се води за САС за егзекуции на невооружени цивили се однесува на период од три години. Злосторства имало повеќе од десет години. Првпат е обвинета и единицата СБС, елитниот полк на Кралската морнарица. Специјалните сили беа распоредени во Авганистан ...