По вчерашните случувања во и пред арената во Вараждин, бројни македонски навивачи кои се во Хрватска преку социјалните медиуми реагираат на однесувањето на организаторите и на хрватската полиција. Според неколку сведоштва, вчера во Вараждин за време на мечот со Гвинеја на СП во ракомет биле апсени наши навивачи поради тоа што носеле знаме со сонцето до Кутлеш и на истите веднаш им била одредувана глоба во висина од 173 евра! Освен претресите и ...

Македонија лесно со 29:20 ја победи Гвинеја во меч од третото коло на Светското првенство во ракомет кое ние го играме во Вараждин, Хрватска. Пред овој меч, организаторот најави дека ќе има поригорозни мерки за македонските навивачи кои беа револтирани по мечот со Холандија кој го загубивме, но очигледно дека малку се претерало во мерките, барем според сведочењата на дел од навивачите кои биле во „Арена Вараждин“. На социјалните мрежи се појави ...