Израелската авијација во понеделникот изврши моќен напад врз зграда во јужните предградија на либанската престолнина Бејрут, изјави очевидец за Ројтерс. Тоа е прво силно бомбардирање на Либан по прекинот на огнот во ноември кој стави крај на војната меѓу Израел и Хезболах, соопшти агенцијата. Нападот, кој одекна низ Бејрут, уследи по наредба на израелската војска за евакуација на областа и три помали напади со беспилотни летала врз зградата ...
Израел бомбардираше дел од Бејрут, главниот град на Либан, каде што се наоѓа главното упориште на Хезболах. Препорачано Нападот на Бејрут е прв откако со прекинот на огнот заврши конфликтот меѓу Израел и милитантната организација во ноември. Асошиетед прес јавува дека силни експлозии се слушнале во Бејрут во дел од градот што израелската војска претходно го најави како мета. Израелската армија утринава ги предупреди луѓето да евакуираат делови ...