Во петок, на 9 септември, со почеток од 18 часот, во Уметничката галерија Метаноја ќе биде отворена изложбата изложбата со наслов ,,Човек се троши неусетно” на уметникот Тони Попов. Тони Попов е уметник што твори во повеќе медиуми. Повремено пишува сценарија за краток филм, раскази и поезија. Со сликарство професионално се занимава од 2011 година. Во јули 2020 година, во Охрид, Попов ја започна летната сликарска школа за деца „Пробај уметност“, ...

Денеска (петок, 9 септември) од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Човек се троши неусетно“ на Тони Попов во Галеријата „Метаноја“. Изложбата ќе биде отворена еден месец, а сликите се циклус на автопортрети на Попов. „Со оваа збирка автопортрети и песни Тони Попов решил да престане да бега и да се фати во костец со сопствената кршливост. Резултатот е безброј скршени парчиња, но и храбро градење мозаик од нив. Тони е безобѕирно суров и ...