Индексот на доларот, кој ја искажува изведбата на американската во однос на шесте главни светски валути, стагнираше на 98,85 поени во четвртокот, откако падна за половина процент претходниот ден. Еврото зајакна за 0,4 отсто во однос на доларот, на 1,1412 долари, а јенот за 0,9 отсто, па доларот денеска чини 142,94 јени. Доларот значително падна во средата откако инвеститорите беа разочарани од најновите податоци од американскиот пазар на трудот, ...

Мисијата на претседателот Доналд Трамп да ја преструктурира светската економија на радикален начин е како магнет за оние што предвидуваат пропаст на доларот, но не буди многу сомнежи кај тврдокорните верници во приматот на американската валута во глобалните финансии. Сите разговори за заканите врз улогата на доларот како светска резервна валута обично се движат помеѓу сценарија на колапс на американската финансиска доминација и тврдоглави извици ...