Реал Мадрид славеше на домашен терен против Селта Виго со 3:2, во меч од 34. коло на шпанската Примера дивисион. Со оваа победа Реал стигна до 75 бодови, само четири помалку од лидерот Барселона. Во следното коло ќе играат токму вечните ривали Барселона и Реал и тоа во каталонската престолнина. На дуелот против Селта Виго, Реал Мадрид за малку ќе направеше од готово, вересија. Кралскиот клуб одлично запчна и со голот на Арда Ѓурер поведе со 1:0 ...
Лукас Васкез со крајот на сезоната и дефинитивно ќе замине од редовите на Реал Мадрид со оглед на тоа што клубот не намерува да започне преговори со 33-годишникот за продолжување на соработката, пренесуваат шпанските медиуми. Во Реал Мадрид се подготвуваат за големи промени, а во плановите за иднината повеќе го нема десниот бек кој целата кариера ја помина на „Сантијаго Бернабеу“ со исклучок на сезоната 2014/15 кога беше позајмен на Еспањол. ...