Македонската репрезентација беше блиску да дојде до големи три бода, и до победа над голем конкурент за пласман на Мундијалот. Беше мирно на теренот и натпреварот одеше кон тоа да заврши без голови, а потоа во судиското надополнување два гола, по еден на двете страни. Најпрво експлозија на скопската Арена, Миовски погоди и се чини ја имавме победата во „џеб“. Требаше да издржиме уште само неколку секунди, ноо не успеавме. Брукс се најде на ...
Реми од 1:1 на Македонија против Велс во вториот квалификациски меч за СП 2026, кога Македонија со голот на Бојан Миовски во финишот дојде до предност од 0:1, а буквално во последната секунда Брукс постигна гол за 1:1. Натпреварот започна со минута молк поради големата трагедија која се случи во Кочани, а фудбалерите и на двете репрезентации на левата рака имаа црни траки за да им се оддаде почит на 59-те жртви од големата трагедија во Кочани. ...