Фудбалерите на Вардар беа во подредена улога на стартот на финалето во Купот на Македонија против Струга, меѓутоа први стигнаа до гол. Скопјани ги казнија промашувањата на противничката екипа и со голот на Михаил Талевски. Вардарци направија контра по десната напаѓачка страна, првата топка беше превисока за Азер Омерагиќ, меѓутоа му падна како „сервирана“ на Талевски кој стрела за 1-0 во 26. минута. Претходно Струга не искористи шанси преку ...
Најтрофејниот македонски клуб Вардар после 18 години го освои трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето на Националната Арена Тодор Проески ја совлада Струга Трим Лум со 2-0. Така, “црвено-црните” на одличен начин ја завршуваат сезоната која стартуваше резултатски лошо. Во херој на вардарци се претвори младиот офанзивец Михаил Талевски кој беше двоен стрелец. Струга ТЛ не го покажа на терен целиот свој квалитет во ова финале. ...
Михаил Талевски вторпат стрела во финалето на Купот на Македонија, постигнувајќи гол во 49. минута од мечот меѓу Вардар и Струга. Офанзивецот на „црвено-црните“ по голот во првото полувреме успеа и вторпат да се запише меѓу стрелците на стартот на продолжението. Талевски направи одличен слалом од левата страна кон средината, излета на линијата од шеснаесетникот и упати неодбранлив удар за голманот Ќосевски. За Михаил Талевски ова е трет погодок ...