Во секој политички миг постои прашање што ја мери зрелоста на една нација: дали сме генерација што сака да го продолжи обичајот на очекување, или да ја прекине навиката на одложување? Денес, овде, изборот веќе е направен. Нема враќање назад. Овој конгрес не е само наша организациска обврска; тој е мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме. И токму затоа, нашата одговорност не е да ја повториме историјата, туку да ја создадеме иднината ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на 18. партиски конгрес го претсви документот кој претствува новото поглавје – Стратегија Македонија 2030, пропратено со нова парадигма, и Идиолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните. Визија која, рече, треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа. -Последниот конгрес дојде веднаш по победата на локалните избори во 2021та година кои беа всушност вовед и пресврт ...

