Утрово во Волково имало пукање во кое две лица починале. Според неофицијални информации, кираџија го убил сопственикот, а потоа си пресудил. Во настанот повредено е и малолетно лице, син на сопственикот, кое е пренесено на клиника. Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат случајот. „Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле ...

Две лица го загубија животот, а малолетник во релативно стабилна состојба е пренесен во болница. Ова е епилогот од пукањето што утрово се случи во скопската населба Волково, во општина Ѓорче Петров. Според официјалните информации од МВР, инцидентот бил пријавен околу 09:00 часот, а полициските службеници затекнале две починати лица – Р.Ц. и М.Н., кои им подлегнале на повредите на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска ...