Кошаркарите на Сан Антонио приредија вистинска сензација во досегашниот тек од сезоната, откако во Лас Вегас ја совладаа моќната Оклахома и ја прекинаа нивната импресивна серија од 16 последователни победи. Ова беше само втор пораз за актуелниот НБА-шампион сезонава, но и триумф со огромна тежина за Спарс, кој им обезбеди пласман во финалето на НБА купот. Таму, тимот од Тексас ќе се бори за трофејот против Њујорк Никс. Натпреварот заврши со ...
Оклахома имаше само еден пораз оваа сезона и беше фаворит во ноќешната пресметка, но кошаркарите на Сан Антонио не се исплашија и со пресврт во неизвесната завршница дојдоа до победа од 111-109. Девин Васел постигна 23 поени, додека Фокс, Касл и Вембањама додадоа по 22. Кај Оклахома, Шај Гилџус-Александер беше најефикасен со 29 поени. Сан Антонио во финалето на НБА купот ќе се сретне со тимот на Њујорк Никс, кој го совладаа Орландо меџик ...

