Новак Ѓоковиќ и на 38 години е фантастичен и се пласираше во полуфиналето на САД опен. Србинот го победи Тејлор Фриц со 3:1 во сетови, со што и по 11 меча ја продолжи перфектната низа во дуелите со Американецот. „Тејлор беше подобар во вториот и третиот сет. Во вториот сет некако успеав да се извлечам, најдов начин како да го освојам. Чувствував дека не играм доволно добро колку што можам и како што играв во некои претходни мечеви. Знаев дека ...

Новак Ѓоковиќ не беше целосно задоволен од нивото на игра кое го прикажа против Тејлор Фриц, но искрено се надева дека ќе биде физички подготвен да отиде скалило погоре во пресметката со Карлос Алкарас. Без да го игра својот најдобар тенис, Србинот по 11-ти пат во својата кариера го победи Фриц и се пласираше во 14-то полуфинале на Ју-Ес Опен, рунда во која го чека исклучително разиграниот Шпанец. Откако ја освои титулата на Мастерсот во ...