Сагата за трансферот на Душан Влаховиќ продолжува, а италијанските медиуми не престануваат да пишуваат за тоа каде ќе заврши српскиот напаѓач. Најверојатно Милан, а секојдневно се појавуваат нови детали и опции што ги имаат „росонерите“ и Јувентус. Преговорите меѓу двете страни наводно се во застој, но тоа не значи дека нема да се постигне договор во август. Размена на играчи е најреалното решение. Влаховиќ во Милан, додека дефанзивец, кој и е ...

Душан Влаховиќ би можел да замине во Милан од Јувентус. Двата клуба воспоставиле контакт, а италијанските медиуми проценуваат дека „старата дама“ ќе бара отштета помеѓу 18 и 20 милиони евра. Влаховиќ е голема желба на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој го тренираше и додека беше на чело на Јуве. Исто така, Влаховиќ, кој веќе одби неколку профитабилни понуди, би сакал да се пресели на „Сан Сиро“. Неговиот договор со Јувентус истекува во ...