Голем број српски граѓани се собраа во Брисел на платото пред службата за надворешни работи на Европската унија за да ги пречекаат студентските маратонци. Група од 21 студент и студентки од неколку блокирани универзитети на 25 април тргнаа од Нови Сад на штафетен ултрамаратон за Брисел. Патувањето беше долго околу 2.000 километри, а идејата беше да пристигне во главниот град на Белгија на 12 мај на седницата на Европскиот парламент. Најавено е ...

За време на престојот во Брисел, српските студенти се очекува да се сретнат со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, со еврокомесарите за проширување и за демократија, правда и владеење на правото, Марта Кос и Мајкл Мекграт, како и со претседателот на Комитетот за надворешни работи, Дејвид Мекалистер Групата од околу дваесет српски студенти вчера ја истрчаа и последната етапа од штафетниот маратон и пристигнаа во Брисел. ...