Проширувањето е и ќе остане процес базиран на заслуги. Секој кандидат ќе биде оценет според сопствените заслуги. Постојат јасни барања и подобрувања што треба да се постигнат. Проширувањето бара време, но е од суштинско значење Европејците да работат напорно за успешен процес на проширување. Ова го изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, како одговор на новинарско прашање дали му кажала на македонскиот премиер Христијан Мицкоски ...

Софија, 31 август (МИА/БТА) – Премиерот Росен Жељазков ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во еднодневна посета на Бугарија како дел од нејзината турнеја низ седум земји во непосредна близина на војната во Украина. Ова го соопшти Министерскиот совет на својата Фејсбук страница. Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на ...