Претпладнево се укинати патничките возови до Нови Сад и нема да сообраќаат во текот на денот и утре (1 ноември), јавува Н1 Србија. Не функционира ниту онлајн опцијата за купување на билети. Според неофицијалните сознанија на телевизијата, Железници на Србија во текот на денот изненадувачки ја прекинале продажбата на билети, а машиновозачите се известени на станиците на кои се затекнале дека нема да возат. Се огласи компанијата „Србијавоз“ која ...
Околу 5.000 студенти пристигнуваат во Нови Сад во текот на денот, каде што утре се одржува голем комеморативен собир по повод годишнината од уривањето на кровот на железничката станица во тој град, при што загинаа 16 лица, што предизвика бран студентско и граѓанско незадоволство од режимот кој не ги казни одговорните ниту по една година. Студентите пристигнуваат пеш и со велосипеди од цела Војводина и Србија, а најдолгата дистанца ќе ја поминат ...

