Одлуката на Уставниот суд да укине одредби од методологијата на пописот во 2021 година не е почеток на битката за зачувување на државноста на Македонија и нејзиниот унитарен, социјален, мултикултурен карактер, туку продолжение. Тоа што беше направено како политичка агресија врз темелните вредности на уставниот поредок, сега треба да се врати и да се исправи на темелите што се изградени заеднички. Ова е тешка битка меѓу правото и правдата ...

„Вкупното резидентно население на Република Македонија, на 5 септември 2021 година изнесуваше 1.836.713 жители. Од нив, 50,4 отсто се жени, а 49,6 отсто се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението се во возрасната група од 40-44 години. Куриозитет е што во Македонија се попишани 51 лицe на возраст над 100 години“. Со овие едноставни зборови и типична фразеологија за статистички операции, бившиот директор на Државниот ...