Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика сите да утрешниот протест во Белград помине мирно, а државните органи да не користат сила, освен во случај на прекумерна потреба, и порача дека државата ќе преземе сите неопходни мерки за да се обезбеди мир и стабилност. Вучиќ во обраќањето до граѓаните нагласи дека утрешниот собир е илегален бидејќи не е пријавен никаде и никогаш, но дека државните органи ќе помогнат во обезбедувањето и ...

„Секој што ќе помисли да ги нападне утрешните демонстранти, без разлика што нивниот протест е незаконски, веднаш ќе биде уапсен. Секој учесник во протестот ако нападне кој било друг или која било институција ќе биде уапсен и изведен пред лицето на правдата. Нашата цел е да ја зачуваме стабилноста, да обезбедиме безбедност и во тоа ќе успееме како држава. Ги повикувам сите граѓани на Србија да не предизвикуваат немири“, рече српскиот претседател ...