Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник на блиските и саканите, имаме неколку предлози кои може само да ги ископирате и препратите. По повод христовото раѓање, христијаните го слават големиот празник Божиќ, а на овој убав ден, со блиските си посакуваат најубави желби за здравје, среќа и мир. Но, доколку сакате пораката до блиските да ...
Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди! Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди! Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди! ...