Четири лица се приведени во врска со пожарот што вчера избувна во Трубарево, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски. Повикувајќи се на последните мерења од Армијата и Институтот за јавно здравје, Мицкоски посочи дека нема вонредно големо загадување. Премиерот попладнево од Трубарево посочи дека секој треба да ги следи препораките од институциите и најави дека сите кои се наоѓаат во периметарот на пожарот ќе бидат евакуирани и згрижени. ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денеска упати критики до министерот за животна средина Изет Меџити и негов противкандидат за градоначалник на Чаир, и јавно побара да си даде оставка од функцијата, обвинувајќи го дека не само што ги користи државните ресурси за сопствена кампања, туку и директно го загрозува здравјето на граѓаните со својата неактивност. Османи истакна дека во ситуација кога јавноста очекуваше реакција, ...