Трговците ги доставија предлозите за намалување на цените до Владата, министерството за економија и до пазарниот инспекторат. Утре на седница ќе се разгледуваат. Од Владата соопштија дека доставени се два предлога – едниот е за намалување на маржите, а другиот за спуштање на цените на одредени прехрамбени и непрехрамбени производи. На утрешната владина седница ќе се отвори дискусија , ќе се разгледаат и дополнителни можности и ќе се одлучува ...
Ја скроија додека Мицкоски и Дурмиши се на патувања надвор од земјава но ќе биде разгледана денеска на влада. Листата со продукти која ја составија трговците надградена со над 140 производи, со маржа од три до 15 проценти. Лебот, млекото, овошјето, зеленчукот, зејтинот, како и средствата за хигиена да бидат поефтини еден месец со што би се опфатиле и верските празници Велигден и Рамазан. Според неофицијални информации, до Министерството за ...
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители. -На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на ...