Бутел Скопје денеска (18 часот) е третиот македонски тим кој доби право на настап во ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување кое минатата сезона го освои Алкалоид. Избраниците на Горан Кузманоски стартуваат од првото коло, а за противник го имаат тимот на Дуделанж од Луксембург, мечот се игра на гостински терен. Иако луксембуршкиот тим е 23 кратен државен првак и 19 пати освојувач на Куп, сепак Бутел Скопје треба да ја има фаворитската улога и да ги ...
Ракометарите на Бутел победнички се враќаат од гостувањето во Луксембург кај Дуделанж, и се на чекор за првпат во својата историја да минат едно коло во европските натпреварувања. Бутел на крајот славеше триумф со 31-27 во Европскиот куп, и сега им останува на реваншот само да ја довршат работата. На почетокот се играше речиси гол за гол, а првата осетна предност Бутел ја направи кога поведе со 14-8, благодарение на голманот Трајкоски, како и ...
Бутел Скопје е на чекор до пласман во второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим успеа да дојде до победа на првиот меч, откако на гостински терен кај Дуделанж славеше со 27-31 (13-17). Филип Николов и Тодор Узунчев со по седум погодоци беа први стрелци во редовите на македонскиот тим. Во воведните минути се играше изедначено, по што македонскиот тим со серија од 5-0 успеа да поведе со 5-10. Најголемата предност која ја имаше во овој ...