Рано утрово во Њујорк заврши ФИДЕ Светското првенство во брзопотезен шах на исклучително драматичен и досега невиден начин. Во дуелот меѓу седумкратниот и актуелен светски првак Магнус Карлсен и поранешниот двократен предизвикувач во класичен шах, Јан Непомњашчи, резултатот беше изедначен 3,5-3,5, по што титулата беше поделена. Во четирите партии од главниот меч, Карлсен почна доминантно, поведувајќи со 2-0. Но, Непомњашчи направи сензационално ...

По прв пат во историјата на шаховските натпреварувања светот ќе има два светски шампиони. Тоа се норвежанинот Магнус Карлсен и русинот Јан Непомњашчи. На финалниот дуел кој се одржа во Њујорк двајцата извонредни шахисти одиграа седум партии шах, од кои две победи Карлсен, две му припаднаа на Непомњашчи и останатите три партии завршија со нерешен исход. Официјалните лица задолжени за настанот одлучија да направат нешто што никогаш досега не е ...