Кошаркарската репрезентација на Грција ја оправда фаворитската улога и со победа над Литванија (86-76) обезбеди место во битките за медал на Евробаскетот кој се игра во Летонија, Финска, Полска и Кипар. „Хелените“ важеа за фаворити пред средбата и предводени од најголемата ѕвезда Јанис Адетокумбо ја потврдија добрата форма и моментум на овој шампионат. Имаше јужниот сосед цело време предност, а на полувремето резултатот гласеше 44-38 за Грците. ...

По пауза од 16 години, Грција повторно ќе игра полуфинале на Европско првенство во кошарка. Во четвртфиналето во летонската престолнина Рига, Литванците имаа огромна поддршка од трибините, но тоа не беше доволно за триумф над тимот предводен од Јанис Адетокумбо кој даде 29 поени, што е за еден поен помалку од неговиот просек на ова ЕП. Грците рутински славеа со 87-76 и ќе играат во полуфиналето против Турција. Другиот полуфинален пар ќе се ...