Кошаркарската репрезентација на Македонија е подготвена за почетокот на новиот претквалификациски циклус, во кој ќе води битки со Романија и со Унгарија за едно од првите две места во групата кои ќе значат пласман во главните квалификации. „Црвено-жолтите“ влегуваат во овој циклус со нов селектор, но и со сериозно променет играчки ростер, неизбежната смена на генерации се реализираше токму летово, па селекторот Илиевски ќе има полни раце работа ...

Македонската кошаркарска репрезентација утре го започнува циклусот на натпревари за претквалификациите за Светското првенство кое за две години ќе се одржи во Катар. Селекцијата на Романија е наш прв ривал, тим кој е добро анализиран и селекторот Марјан Илиевски верува дека оваа подмладена македонска репрезентација ќе има што да покаже утревечер од 20 часот во Куманово. –Можеби и често се повторувам за овој краток период со истиот заклучок, а ...