Екипата на Работнички останува без уште еден од странските играчи, затоа што раководството се раздели со Лука Робакидзе од Грузија. 25-годишниот Грузиец кој играше во средниот ред на „романтичарите“ долго време немаше настап за клубот. Затоа двете страни се разделија шест месеци порано од предвиденото. Робакидзе оваа полусезона имаше само четири настапи, во првите четири кола. Робакидзе дојде во Работнички од штипска Брегалница, а претходно ...

Екипата на Работнички направи уште една промена во играчкиот кадар во пресрет на продолжението од сезоната, откако спогодбено се раздели со грузискиот фудбалер Лука Робакидзе. 25-годишниот играч за врска не беше во прв план кај „романтичарите“ во изминатиот период, а двете страни одлучија соработката да ја прекинат пред истекот на договорот. Робакидзе последен пат настапи на стартот од сезоната, кога запиша четири настапи во првите четири кола ...