Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува уште еден натпревар од претквалификациите за Светското првенство, а за истиот селекторот Марјан Илиевски дефинитивно нема да може да смета на Адем Мекиќ. Мекиќ изминатиов период имаше проблеми со десното колено, но и покрај тоа се обиде да се врати, да биде во тренажен процес за утрешното соочување со Унгарците, меѓутоа едноставно мора одреден период да одмара за да го реши проблемот. ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ нема да биде во составот за средбата со Унгарија Искусниот кошаркар се обиде, да се врати назад во некој нормален тренажен процес. Но работите не одеа според неговите очекувања. -Проблемите кои почнаа уште при она гостување во Романија, се посилни од мојата желба за играње. Лекарскиот тим констатираше дека станува збор за истегнување на лигамент на десното колено, и нивните препораки се дека ...