Газа, 29 март 2025 (МИА) - Лидерот на Хамас, Калил ал Хаја денеска изјави дека палестинското движење се согласило со предлогот за прекин на огнот што го добиле пред два дена од Египет и Катар, клучни посредници во преговорите за прекин на огнот во Газа. Претходно денеска израелските сили објавија дека ја прошируваат копнената операција во областа Рафа. Во меѓувреме, Хамас објави ново видео од израелски заложник во кое тој моли да биде ослободен. ...
Хамас се согласи со новиот египетски предлог за ослободување на 5 заложници, меѓу кои и американско-израелецот Едан Александар, во замена за обновен прекин на огнот, изјави извор од Хамас за Си-Ен-Ен. Предлогот е сличен на оној што пред неколку недели го претстави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, иако не е јасно дали вклучува и ослободување на дополнителни тела на починати заложници. Во замена за ослободување на 5 заложници, Хамас ...