Шампионот Струмица 47&72 му го расипа беспрекорниот учинок на лидерот Штип УГД откако во дербито од 9. коло во Првата лига мажи му го нанесе првиот пораз сезонава, 3:2 (19:25, 21:25, 25:23, 25:23, 15:12) и тоа во Штип. Домаќинот самоуверено го отвори натпреварот и го контролираше резултатот во првите два сета, па заслужено стигна до водство од 2:0 во сетови, но струмичани не се предадоа. Во следните два сета гостите комплетно се вратија во ...
Домаќинот самоуверено го отвори натпреварот и го контролираше резултатот во првите два сета, па заслужено стигна до водство од 2:0 во сетови, но струмичани не се предадоа. Во следните два сета гостите комплетно се вратија во игра, предводени од 18-годишниот Јован Милев, со поддршка од репрезентативниот тандем Кристијан Илијев – Владо Милев, и изедначија на 2:2 во сетови. Во тај-брејкот влегоа фуриозно одбојкарите на Струмица со 6:1, односно 9:4, ...

