$Трамп има вкупна пазарна вредност од околу 8,7 милијарди долари, додека $Меланија вреди околу 1,3 милијарда долари Меланија Трамп, која денеска ќе стане и официјална прва дама на САД, лансира своја криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пренесува Би-би-си. Оваа информација таа ја објави на социјалната мрежа Икс еден ден откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Трамп. ...

Мемекоинот на Меланија Трамп целосно се урна и денеска падна под границата од еден долар за прв пат од неговото лансирање. Во моментот на пишување, се тргува за околу 99 центи, што е за 93 отсто помалку од рекордното високо ниво од 13,73 долари по монета. Финансиските и крипто аналитичари го нарекуваат ова еден од подраматичните колапси на криптовалутите оваа година, што доведе до широко распространети обвинувања против американскиот претседател ...