Македонија со рутинска победа над Лихтенштајн ги отвори квалификациите за пласман на Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико. На „Рајнпарк“ стадионот во Вадуц селекторот Благоја Милевски истрча со Столе Димитриевски, Висар Муслиу, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков, Езѓан Алиоски, Елиф Елмас, Исник Алими, капитенот Енис Барди, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски и Бојан Миовски. Пред почетокот на натпреварот со минута молк беше оддадена почит за ...
Македонската фудбалска репрезентација со победа од 3:0 на гостувањето во Лихтенштајн, ги започна мундијалските квалификации. Александар Трајковски и Висар Муслиу и донесоа на Македонија резултат од 2:0 по 45 минути, а третиот гол го постигна Бојан Миовски во 84 минута. Македонските навивачи кои присуствуваат на фудбалскиот натпревар Лихтенштајн – Македонија во 59 минута им оддадоа почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. Македонија ...