Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, и официјално соопшти дека Фермин Лопес и Гави се повредени и нема да бидат во комбинација за следните натпревари. Фермин има мускулна повреда и нема да му биде на располагање на Ханси Флик во следните 20-тина дена, а тоа значи дека ќе ги пропушти првенствените натпревари против Овиедо, Реал Сосиедад и Севиља, но и мечот од Лигата на шампионите против ПСЖ. Од медицинскиот тим се надеваат дека тој ќе биде ...
Градоначалникот на Неапол, Микеле ди Бари, забрани продажба на билети за навивачите на Ајнтрахт Франкфурт за натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи во ноември од безбедносни причини. Како што објави весникот „Република“, забраната е наредена врз основа на советот на Полициската управа во Неапол и во согласност со одлуките на Покраинскиот комитет за јавен ред и безбедност. Според одлуката, навивачите на Ајнтрахт нема да можат да купат ...