Кошаркарите на Анадолу Ефес убедливо славеа на гостувањето кај Партизан (65-97) во 30. коло на Евролигата. Средбата во „Штарк Арената“ понуди одлична партија на турскиот тим. Ефес стигна до многу важен триумф во борбата за пласман во плеј-ин сегментот на ова натпреварување. Уште од стартот Турците се наметнаа и поведоа, ама Партизан имаше одговор и се врати до егал. Сепак, Ефес воспостави контрола и уште на полувреме водеше со високи 21 разлика. ...
Анадолу Ефес му нанесе тежок пораз на Партизан од 97-65 и тоа во Белград. Ова беше веројатно најлоша партија во Евролигата за Црно-белите откако на клупата им се врати тренерот Жељко Обрадовиќ. Тој пак, рече дека одиграле без желба и жар, и дека дури и на пријателски мечеви имале повеќе желба за победа отколку вечерва, што е чудно, со оглед на тоа дека на Партизан му требаше победата бидејќи се бори за влез во плеј-ин разигрувањето. За Ефес тоа ...