Растот на домашниот бруто – производ годинава ќе достигне 3,5 отсто, а инфлацијта 3,9 отсто, предвидува Народната банка во есенските макроекономски проекции, што денес ги презентира гувернерот Трајко Славески. Во периодот 2026 – 2028 година растот би забрзал на 4%. Структурно гледано, економскиот раст ќе биде поттикнат од домашната побарувачка, додека нето-извозот би имал негативен придонес, се вели во прогнозите. Ова е нешто подобро во однос на ...
Народна банка ја ревидираше проекцијата за инфлацијата нагоре. До крајот на годината таа ќе изнесува 3,9 отсто, наместо 3 отсто како што беше предвидено во април. На среден рок ќе се врати на историскиот просек од два отсто, рече денеска гувернерот на НБРМ Трајко Славески. Повисоката инфлација е причина НБРМ и овој месец да ја задржи основната каматна стапка на 5,35 отсто. Оваа стапка последен пат беше променета во февруари годинава. ...
Повисок економски раст, но и повисока инфлација. Народната банка излезе со најновите есенски економски проекции. Централната банка смета дека економијата ќе порасне за 3 и пол отсто, што е зголемување за 0,5п.п. споредено со пролетната проекција. Гувернерот Славески вели дека главен двигател на растот ќе бидат бруто инвестициите кои ќе се зголемат за 10,2%, предводени од инфраструктурните проекти, општинските вложувања, странските, но и ...

