Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Нашите ангели за Бога и за Бадник. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас ...
Традиционално во бадниковата погача се умесува и паричка, а се верува дека на лицетo кое ќе ја пронајде во своето парче, ќе му донесе здравје, среќа и богатство во текот на целата година. Секако, доколку тоа лице не го прекрши правилото. Многумина од нас оваа паричка ја носат со себе како амајлија во текот на целата година, меѓутоа најправилно би било паричката да се стави на икона или покрај неа и да се чува до следниот Божиќ. Доколку некој ја ...